Најголемиот број „увезени случаи“ на Ковид-19 во Грција се од Албанија и од Бугарија

by Fokus

Албанија е прва на листата „увезени случаи“ на Ковид-19 во Грција, според последните официјални податоци од Генералниот секретаријат за цивилна заштита, а меѓу петте земји се и Бугарија, Романија, Србија и Франција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 1 јули до 6 септември, од направени 451.908 тестови на влезните точки во земјата, регистрирани се  972 заразени посетители на Грција, од кои 641 по тестирањата на аеродромите, 303 на копнените граници, а останатите на пристаништата.

Од 972 позитивни случаи, 132 се од Албанија, 102 од Бугарија, 89 од Романија, 80 од Србија, а 54 од Франција.

Додека пак активни се 277 од случаите, 559 од заразените се вратиле во нивните земји на потекло, а останатите 136 се неактивни случаи кои остануваат во Грција.

Иако копнените граници се затворени, а забранет е влез за државјани на трети земји во Грција, сепак дозволен е влез за албанските државјани кои имаат дозвола за престој во Грција, но и за сезонските работници од Албанија.

Поврзани новости