Најголемиот брод за крстарење во светот тргнува на патување

by Fokus

Најголемиот брод за крстарење во светот ќе исплови од Мајами, Флорида на своето прво крстарење.

Бродот „Icon of the Seas“ е долг 365 метри, има 20 палуби и може да прими најмногу 7.600 патници.

Неговата изградба чинеше две милијарди долари, има седум базени, шест тобогани и повеќе од 40 ресторани, барови и салони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ICON of the Seas (@icon.ots)

Кога сме кај патниците, бродот може да превезува 7.600 гости со полн капацитет, заедно со 2.350 членови на екипажот.

Бродот го има првиот конзолен бесконечен базен на море, како и најголемиот базен на море и најголемата ледена арена на море (каде што гостите можат да лизгаат или да гледаат шоу).

Околу 50 музичари и комичари ќе ги забавуваат патниците, кои исто така ќе можат да уживаат во изведбите, од кои една од поинтересните е „Волшебникот од Оз“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ICON of the Seas (@icon.ots)

Поврзани новости