Најголемата санта мраз во светот, „А23а“, која се скрши од брегот на Антарктикот во 1986 година, почна да се движи по 30 години поминати заглавенa во Веделското Море, пишува Би-Би-Си.
Леден остров со површина од речиси 4.000 квадратни километри, управуван од ветрови и струи во изминатата година, лебдеше со голема брзина, а сега ќе плови надвор од водите на Антарктикот.
Ледениот џин моментално го минува северниот врв на Антарктичкиот Полуостров, а експертите предвидуваат дека речиси сигурно ќе биде фрлен во кружната струја на Антарктикот, која ќе го насочи кон јужниот дел на Атлантикот, по патеката позната како улица на ледените брегови.
World's biggest iceberg on the move after 30 years https://t.co/Yn1zJsjQFu
— BBC News (World) (@BBCWorld) November 24, 2023
Експертот за далечинско набљудување на Британското Антарктичко истражување, Ендрју Флемниг, смета дека нема посебна причина зошто ледениот титан почнал да се движи, туку едноставно дека е дојдено време.
– Тој е приземјен од 1986 година, но на крајот неговата големина се намали доволно за да го изгуби стисокот и да почне да се движи. Првото движење го забележав уште во 2020 година – објасни Флеминг.
Научниците внимателно ќе го следат напредокот на А23.
Ако застане во Јужна Џорџија, може да предизвика проблеми за милионите фоки, пингвини и други морски птици кои се размножуваат на островот, со што ќе ги наруши нормалните патишта на хранење на животните.
Но, ледените брегови не само што се лоши, туку имаат и свои позитивни ефекти врз пошироката околина. Како што се топат овие големи планини, тие ослободуваат минерална прашина која е извор на хранливи материи за организмите кои ја формираат основата на океанските синџири на исхрана.