Најголемата поддршка за бугарските клубови пристигна од Мицкоски, вели Ковачевски

by Fokus

Најголема поддршка на бугарските клубови во Македонија стигна од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, којшто кажа дека е континуитет на Ванчо Михајлов, а протестите во  Битола беа против клубот Ванчо Михајлов, така што не треба  да доаѓа поддршка од Бугарија.

Поддршката дојде тука од претседателот на најголемата опозициска партија исто како  што претпроставува дека отворањето дошло од таа партија и сето оа што ни се случуваше при палењето на вратат итн. дека дошо исто така од таа партија со оглед на тоа гледаме кој настапува на нивни настани, изјави Ковачевски, по посетата на обновениот објект на Полициската станица Гази Баба.

Тој повтори дека за него не е спорно нашите закони да бидат проверени од европските институции, како и дека треба да има нов закон за здруженија на граѓани, но нагласи дека не смета оти тој закон и сите други повзрани со односите со Бугарија треба да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.

Поврзани новости