751
Изминатите месеци, според податоците на Институтот за јавно здравје, најголем процент на заразените со Ковид-19 се граѓани над 60 години. По нив следуваат граѓани од 30 до 39 години.
-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (25,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (19,2%), 40-49 (18,9%), 50-59 (18,8%) и 20-29 (12,2%), се наведува во извештајот за изминатата недела на Институтот за јавно здравје.
Најмал број пак на заразени е регистриран кај децата од 0-9 (1,7%) и 10-19 години (3,8%).