Најголем дел од заболените денеска во Скопје се од Гази Баба, Бутел и Чаир

by Fokus

Новозаболените од корона вирусот во Скопје се од општина Гази Баба (5), Бутел (2), Чаир (2) и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Од вкупниот број 199 активни случаи во Скопје, како што посочуваат од Министерството, дистрибуцијата по општини е следна:

Сарај – 41, Гази Баба – 39, Чаир – 38, Аеродром – 25, Бутел – 13, Ѓорче Петров – 9, Центар – 9, Карпош – 7, Илинден – 7, Шуто Оризари – 6, Кисела Вода – 3, Студеничани – 1, Петровец – 1.

Поврзани новости