688
Во изминатата недела бројот на заразени од Ковид-19 се зголемил за дури 70% од претходната, а најголем број од заразените се на возраст од 30 до 39 години, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.
-Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (22,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (20.2%), 40-49 (18,8%), 50-59 (18,2%) и 20-29 (14.9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,6%) и 10-19 години (4,2%), се наведува во извештајот.
Во однос на пол, пријавени се 2.793 (48,2%) лица од женски и 3.007 (51,8%) од машки пол.