Најдоцна утре ќе се знае дали ќе можеме да патуваме во Грција

by Fokus

Денеска попладне или најдоцна утре ќе се знае дали Грција ќе ја отвори границата со Македонија и ќе дозволи влез на македонски државјани на нејзина територија.

Владини извори за Фактор потврдуваат дека биле во контакт со грчките власти и дека евентуалното отворање, сепак би можело да значи влез со негативен тест. Но, сите опции се отворени.

Информацијата дека е можно Грција да се отвори за соседните земји ја објави вчера МИА која го цитираше портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас.

-Ова е елемент што се разгледува во овој момент на состанокот што е во тек и одговор на ова прашање ќе има кога ќе заврши состанокот. Прашањата што се поврзани со административни одлуки преку заеднички министерски одлуки, што се издадени, а истекуваат во следните денови, исто така ќе се оценат, за да се дадат соодветни насоки, за нивно обновување или прекинување, одговорил Пецас.

Советот на ЕУ објави ажуриран список на трети земји чии граѓани имаат право да патуваат во ЕУ од 1 август, во кој повторно не е вклучена ниту една земја од Западен Балкан, вклучително и Македонија.

Поврзани новости