Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе сет на закони и законски измени со кои предлагаме мерки за намалување на енергетската криза и економската сиромаштија. За жал не гледаме голема респонзивност и затоа најдобар начин да се реши оваа криза се брзи предвремени избори, најдоцна пролет 2023 година, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Затоа што не смееме да заборавиме дека кризата ќе е малце подолга, и дека доаѓа уште потешка зима а тоа е зимата во 2023 година.
Ако оваа година некои од земјите успеаја да ги наполнат резервите со гас и колку толку да има некакво производство на електрична енергија по вакви високи цени сепак го има, големо прашање е што ќе се случува во текот на 2023 година и затоа не смее неспособна влада која нема одговори за економските проблеми на граѓаните да остане на власт цела година.
Најдоцна на пролет мора да има избори за нова власт да се спреми и организира и спремно да ја дочека зимата 2023 како би се намалиле економските последици и би можело стопанството да се врати во нормала и да се врати животниот стандард на граѓаните, изјави Николоски.