Најдолгата река во Полска има најнизок водостој во историјата поради сушата

by Fokus

Најдолгата полска река Висла е на најниско ниво на вода во историјата, објави државниот хидрометеоролошки институт (IMGW), наведувајќи ја долгогодишната суша како причина.

Нивото на водата на Висла во Варшава е за еден сантиметар понизок од 2015 година, кога ситуацијата беше најлоша, објави IMGW.

Полошо е од 2015 година, а нивото на водата се уште паѓа!“, објавија од институтот на Х.

„Климатските промени се виновни за фактот што водостоите на повеќето полски реки се екстремно ниски“.

Поради сушата, водостојот на повеќето полски реки е екстремно низок, изјави за АФП хидрологот на IMGW, Гжегож Валијевски. Тој објасни дека климатските промени се виновни бидејќи поблаги зими со помалку снег, помалку врнежливи денови и повисоки температури го намалуваат нивото на водата во реките.

Висла, која со повеќе од 1000 километри е најдолгата полска река, ја дели земјата на половина и се влева во Балтичкото Море.

Поврзани новости