510
Најдолгата инфекција со новиот коронавирус кај едно лице, пред да почине од последиците на ковид-19, траела 505 дена, објавија британските научници.
Претходно еден пациент бил позитивен на САРС-КоВ-2 цели 335 дена.
Кај повеќето луѓе кои се заразиле со овој вирус телото е способно да ја преброди и победи инфекцијата, но пациентот кој бил позитивен 505 дена во континуитет имал многу ослабен имунолошки систем и повеќе коморбидитети.