Филмовите и сериите кои во изминативе години излегоа од продукцијата на Телеком Србија и континуирано ја освојуваат публиката поместувајќи ги рекордите за гледаност дел од својата популарност ја должат и на одличниот микс од актери и креатори од речиси сите простори од поранешна Југославија.
Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Никола Ристановски се само дел од македонските актерски имиња кои се појавуваат во сериите кои ги продуцираше Телеком Србија во изминативе години.
Камка толкуваше улога во веќе култната „Беса“, кој покрај тоа што ја освои публиката во регионот, го привлече вниманието и далеку пошироко. Македонската актерка толкува улога и во една од последните серии на Телеком Србија, „Посета“. А нејзината колешка од сетот, српската актерка Снежана Богдановиќ, токму тој микс од актери од регионот го истакна како голема придобивка.
„Од Словенија до Македонија, голема поделба. Повторно ги слушаме сите јазици и дијалекти, се дружиме и создаваме заедно“, изјави неодамна актерката Снежана Богдановиќ, кој толкува една од улогите во новата серија „Посета“.
Тони Михајловски имавме прилика да го гледаме во трилер серијата која изобилува со мистика, „Црна свадба“, а Никола Ристановски толкува улога во биографската драма „Во име на народот“ и трилерот „Убијците на мојот татко“.
Серијата „Беса“, чија трета сезона публиката нестрпливо ја очекува, претставува одличен пример за тоа дека кога ќе се собере најдоброто од регионот имате рецепт за хит серија која несомнено ќе ја освои публиката не само во регионот, туку и далеку пошироко.
Во интервју за македонски медиум, креаторот на „Беса“, Игор Стоименов говореше токму на оваа тема истакнувајќи покрај висококвалитетната продукција на серијата, мешавината и спојот на најдоброто од регионот придонесоа „Беса“ да ги помести границите за гледаност и квалитет на Балканот.
„Македонскиот авторски печат и особено присутен во „Беса“. Сектори од сценографијата и маските се во целост од Македонија. Покрај Камка, тука се и албански актери од Македонија, а Рефет Абази ни беше некој вид на супервизор во врска со албанското наследство и традиција“, изјави Стоименов.
Инаку, сериите кои произлегуваат од продукцијата на Телеком Србија веќе ги гледа публика распространета на пет континенти низ светот. Од компанијата велат дека имаат амбициозни планови и за во иднина.
„Ќе продолжиме со исто темпо и ќе ги шириме нашите приказни насекаде по светот. Со постигнатите резултати веќе го надраснуваме регионот, така што можеме погледот да го свртиме уште подалеку. Сакаме да станеме лидери во делот на продукција во Европа, и сметаме дека сме на добар пат за тоа да го постигнеме“, велат од компанијата.
Телеком Србија досега има продуцирано повеќе од 55 наслови на серии и филмови, а во фаза на реализација се нови 15 сезони/ серии.
Сериите на Телеком Србија премиерно се прикажуваа на Суперстар ТВ каналот кој што е дел од понудата на сателитската телевизија на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата.