Најдобрите меѓусезонски намалувања стартуваат од денеска во Fashion Group!

by fokus

Ако има нешто поубаво од официјалните намалувања, тоа се дефинитивно меѓусезонските кога ни требаат толку многу комбинации за новата сезона.

Сега, кога знаеме кои се омилените трендови за оваа пролет и кога веќе ги имаме смислено сите комбинации во кои ќе уживаме во секој пролетен ден, периодот е совршен за шопинг на сите парчиња од листата и тоа по неверојатни цени.

Од денеска, во продавниците на вашите омилени брендови на Fashion Group како и онлајн, и официјално започнува меѓусезонското намалување до -30%, но и многу други промоции во чии рамки сите ќе го најдат својот фаворит.

Оваа сезона, бидете вистинска шик девојка со парчињата на Parfois каде од денеска, ќе најдете селектирани производи на -30%, а истото се однесува и на неодоливите парчиња со потпис на Springfield, додека за производите на Bitsiani, Women’Secret и Mango важи намалувањето од -20% на селектирани производи.

За периодот што доаѓа да биде уште постилски, направивме и неколку дополнителни промоции кои се однесуваат на -20% за урбаните дуксери на Superdry, каде важи и промоцијата од -10% за еден и -20% за два и повеќе, а истото се однесува и на брендовите од Fashion&Friends и Guess, додека безвременските парчиња со потпис на Boss од денеска можете да ги набавите со -10% за еден и -15% за две и повеќе.

Со будењето на природата, боите во новите колекции на брендовите на Fashion group едноставно станаа неодоливи, па времето е совршено да заборавиме на сите оние темни нијанси и слоевити комбинации во кои живеевме изминатиот период.

Пролетта и летото секогаш важат за најраскошни сезони, па искористете ги меѓусезонските намалувања уште повеќе да го истакнете вашиот стил, затоа што можностите овојпат се беспрекорни.

Сите пролетни трендови и модели оваа сезона се на едно место, па посетете ги продавниците на брендовите на Fashion Group или пак купувајте онлајн на www.fashiongroup.com.mk.

ПР

Поврзани новости