Битолчанец, утрово , неколку минути по полноќ, го пронашол безживотното тело на својат мајка. Лекарите од Брза помош утврдиле дека починатата 66-годишна В.А. имала изгореници по телото.
-На 20.01.2017 година во 00,10 часот било пријавено дека во Битола на ул.„Сремска Митровица“ во нејзиниот дом била пронајдена почината В.А. (66). Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатрана смрт со видливи изгореници кај лицето, како и во пределот на двете нозе и стомакот. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Битола, при што било констатирано дека нејзиниот син П.В. (25) околу 13,00 часот на 19.01.2018 год. излегол на работа и се вратил околу 00,10 часот на 20.01.2018 год, кога и ја затекнал својата мајка без знаци на живот на подот во дневната соба, во непосредна близина на кварцната печка. Потоа ја кренал и ја ставил на креветот, по што повикал Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција, велат од МВР.