504
Пита со месо во лимена кутија од Втората светска војна е пронајдена под дрвен под во хотел во градот Даглас на британскиот остров Ман, и беше изложена во локалниот музеј.
Божиќниот оброк му го испратила една жена на својот син морнар Фил Дејвис. Металната кутија е пронајдена во 1998 година при реновирање на хотелот, но останала досега заборавена во подрумот на музејот Менкс.
Оброкот и по 80 години изгледа прилично зачувано, благодарение на сувиот воздух под хотелскиот под.
– Ова се посебни делчиња од топли човечки приказни. Божиќ е вистинско време повторно да заблескаат, изјави кустосот на Менкс, Метју Ричардсон.
Хотелите на крајбрежјето на Ман во Втората светска војна служеле како објекти за сместување на британските војници.