534
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при претрес во Скопје нашле кокаин и привеле две лица.
– Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.О.(23) од с.Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија. При претрес во домот во кој престојуваат во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага, соопшти МВР.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.