Најчевска: Животната средина во Македонија е мртва, треба многу средства и време за промена!

by fokus

„Твоја“ партија денеска одржа отворена средба со новинарите, на која ги промовираше своите мерки во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Професорката Мирјана Најчевска е дел од тимот на „Твоја“ партија, која акцентот го стави на животната средина и образованието во Македонија, кои според неа се во вистински проблеми.

„Одговорноста е на сите политичари. Животната средина во Македоија е мртва. Факт е дека треба да се издвојат многу средства и потребно е време за да се доведе тоа во некој ред. Од друга страна, образованието не смее да се третира како трошок. Наместо партизација, апелираме на професионализација во сите сектори во државата. Ние сме интернет партија и ќе ги користиме сите можни начини преку социјалните мрежи за да допреме до граѓаните“, истакна Најчевска.

Ј.Ц.

Поврзани новости