Најчевска за вчерашниот протест: Џганот кој се откажа од историјата на мојот татко, одеднаш се сети за АСНОМ

by fokus

Професорката, Мирјана Најчевска, го коментира вчерашниот протест кој се одржа пред Собранието против уставните измени. Организаторите на протестот и демонстрантите ги нарекува сеачи на национализам и омраза.

„Не ми се верува, џганот кој го испоплука социјализмот, кој направи хорор музеј за комунизмот, џганот кој се откажа од историјата на мојот татко и неговите соборци, одеднаш се сети за АСНОМ и застана во негова одбрана.

Мрш бре кретенчиња неписмени кои сеете национализам и омраза и продуцирате насилство, кои ја вративте државата во 16 век и не закопавте во фекалии од кои не можеме да се извлечеме.

Таткоми умре со револуционерните песни на своите загинати соборци и со подигната тупаница за одбрана на овој народец од џганот како вас.

И јас немам намера да дозволам националистичко-фашистичката багра на чело на лумпен пролетаријатот кој истиот овој џган го создаде да не влече надоле“, напиша Најчевска.

 

Поврзани новости