562
Професорката Мирјана Најчевска, во синоќешното гостување на „Отворено“ на ТВ 24, говореше за ситуацијата со трите деца кои треба да бидат сместени во Дисперзиран дом во Визбегово.
Според неа, грешката во целокупната ситуација е во Министерството за труд и социјална политика.
„Кога сместуваш деца коишто имале проблем со насилство од возрасните, треба да ги сместуваш во пријателска средина. Министерството требало да води сметка да најде место каде што не живеат примитивци и насилници, туку живеат цивилизирани луѓе“, истакна Најчевска.