Најчевска: Во моментов имаме пратеници кои не сакаат да ја извршуваат својата должност

by fokus

Професорката Мирјана Најчевска во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека во моментов пратениците не сакаат да ја извршуваат својата должност. Додава дека мандатот на пратениците им трае се додека не се избере нов состав, односно додека не се верификуваат мандатите на новите пратеници.

-Она што најмногу ми пречи е отсуството на можност граѓаните да влијаат на она што им се случува. Односно многу тешко гласот на граѓаните се слуша и тогаш кога имаат што да кажат.
Отсуството на Собрането е најголемиот проблем, но сето тоа е тесно поврзано и со отежнатата комуникација на граѓанските огранизации, синдикати.
Институтот враќање на мандат не постои. Мандатот на пратениците им трае се додека не бидат верификувани мандатите на новите пратеници. Ова е јасно со цел за државата да не остане без Собрание, односно во безвластие.
Во моментов ние имаме Собрание кое е составено од пратеници кои не сакаат да ја извршуваат својата должност. Според мене и најлошото Собрание е подобро отколку овој облик на безвластие или диктатура, смета Најчевска.

Поврзани новости