616
Универзитетската професорка Мирјана Најчевска во интервју за ЦИВИЛ рече дека во нашата држава има привидна демократија, додавајќи дека се додека се одржуваат лидерски средби, немаме воопшто демократија.
„Во Македонија се се решава на ниво на партија и меѓупартиски договор. Ние сме влезени во некоја театарска претстава. Лидерските средби покажуваат дека секоја одлука е во рамките на партиите, а не одлука којашто се донесува во рамките на институциите. Се додека се одржуваат лидерски средби, ние не сме ни на вратата на демократијата“, порача Најчевска.