Професорката Мирјана Најчевска вели дека е многу лесно да се утврди нелегално стекнатиот имот кај функционерите, но само доколку се сака.
-Да ви кажам право јас лично не сум премногу заинтересирана за тоа колкава затворска казна ќе биде досудена на некој кој ја злоупотребил функцијата. Многу повеќе ме интересира да се донесе пресуда со која ќе се направи неисплатлив криминалот. Најдобар начин ова да се постигне е со конфискација на целиот противправно стекнат имот, вели Најчевска.
Таа дава и една своја дефиниција за тоа што е нелегално стекнат имот.
-За мене противправно стекнат имот на еден функционер е целокупниот имот стекнат во време на обавувањето на функцијата, а кој ги надминува вредностите на платата која ја добива за овој период од државата. Значи се што не можело да биде купено со парите од платата е противправно стекнат имот. Ова се однесува и на членовите на потесното семејство на функционерот.
Парите лесно се следат само ако се сака. Само криминални структури во власта не сакаат да го започнат овој процес, децидна е Најчевска.