Најчевска: Не постои преседан, Уставот се крши или не

by fokus

Не постои преседан на кршење на Уставот. Тој се крши или не, и секое кршење на Уставот мора да биде строго санкционирано. Ова во разговор за Телма го вели професорката Мирјана Најчевска, која за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ на чело на МВР во техничката влада да застане офицер од Армијата вели дека е спротивно на Уставот, но и оти тоа не би било првпат Уставот да се прекрши на таков начин.

Според Најчевска или Собранието треба да даде автентично толкување или да се смени Уставот во соодветна процедура во Собранието, но оти во никој случај не може да има преседани на Уставот.

Поврзани новости