Најчевска му одговори на Османи: Лакејот на Ахмети започна хајка против мојот сопруг заради моите критики

by Fokus

Бујар Османи го приватизира Министерството за надворешни работи, му возврати Мирјана Најчевска, сопругата на доскорешниот амбасадор во Прага, Сашко Тодоровски, на Османи по информацијата дека Тодоровски предвреме е вратен од Прага заради нерегуларности, меѓу кои и лажно претставување на неговата сопруга како културен аташе во амбасадата.

„Мојот сопруг поднесе оставка. Лакејот на Али Ахмети кој се претставува како министер за надворешни работи започна хајка против мојот сопруг заради моите критички настапи како професор и експерт, и заради несогласувањето на мојот сопруг како амбасадор во Прага со начинот на функционирање на министерството кое Османи го приватизираше.

Мојот сопруг не се согласи со барањето на Османи (кој самиот изјави дека одговара единствено пред Али Ахмети) да го известува него и само него на дневна основа и во лична комуникација надвор од каналите на министерството, со заобиколување на Владата и на Претседателот на државата за случувањата во државата во која е поставен за амбасадор“, напиша професорката Најчевска во објава на Фејсбук.

Според неа, Османи ги прекршил Уставот и законите што дипломат професионалец како нејзиниот сопруг не можел и не си дозволил да го толерира (за што пред неколку месеци достави претставка до Владата и до претседателот на државата).

Поврзани новости