640
Профсорката Мирјана Најчевска и поранешниот министер за правда, Михајло Маневски влегоа во „клинч“ во вечерашната дебата на ТВ 24.
Маневски смета дека прислушуваните разговори треба да се уништат, бидејќи, како што рече, 90 отсто од разговорите биле приватни.
Најчевска на ова му одговори дека не верува во ништо што ќе каже тој и дека не постои таков податок дека 90 отсто од „бомбите“ се приватни разговори.
-Вие сте биле во власта и вие сте ги поставиле темелите на авторитарниот режим, му одговори Најчевска.