Откако претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, изјави дека треба да му се даде шанса на новоизбраниот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, професорката Мирјана Најчевска прашува до кога ќе се даваат изјави дека некому треба да му се даде шанса, наместо да се поставувале професионални кадри.
-На таа учителката по клавир која ја ставија во комисијата за заштита од дискриминација требаше да и се даде шанса и на онаа најкорумпирана јавна обвинителка која ја поставија за специјален јавен обвиител, и на министрите излезени од градинка, и на градоначалничката – менаџерка, и на пратениците кои немаат појма зошто се избрани во Собранието, и на оној гревот кој го испративме како судија во Стразбург, и на Мерко секој изборен циклус му даваме шанса да се свести и да престане да краде, и сега на овој пулен на мафијата, треба да му се даде шанса да се избори со криминалот, реагира професорката Најчевска.
Таа вели дека наместо да даваме шанса, конечно треба да се поставуваат кадри кои се професионалци.
-А за промена да почнеме да избираме професионалци со интелектуален и морален капацитет за кои ќе бидеме сигурни дека се соодветни за задачите и да и дадеме шанси на Македонија да стане цивилизирана држава?, коментира Најчевска.