Најчевска: Дали ако претходната власт започнала противправно судење, сега треба да го истераме до крај?

by fokus

Професорката Мирјана Најчевска во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека прекршочните пријави за оние кои фрлаа боја за време на Шарената револуција немаат правен корен.

-Јас не сум добила прекршочна пријава од претходната власт. Јас сум дебатирала и кога била минатата власт и да, сум била под притисок, меѓутоа факт дека е не сум добила прекршочна пријава. Решението е оваа власт да го почитува законот. Тие пријави немаат правен корен и оваа власт само треба да го примени закони, тоа е правна држава. Законот јасно кажува дека треба да има оштетувања на зградите, оштетување на зградите нема. Во решението пишува дека сметаат дека со казната од 200 евра ќе ја постигнат целта. Која е таа цел? Да ме замолчат, да не излегувам на протести? Дали значи дека ако од претходната власт бил започнат процес на противправно судење на некој, ние треба да го истераме до крај, дали ако од претходната власт бил започнат процес на противправно вработување, ние треба тоа да го истераме до крај?, рече Најчевска.

Поврзани новости