Професорката Мирјана Најчевска упати силни критики кон ДУИ, кои во текот на вчерашниот ден го условија премиерот Заев да го сослуша и нивните барања. Во спротивно како што информираа, премиерот да си бара гласови за уставните измени.
Според професорката Најчевска, Охридскиот договор треба да стане дел од историјата, а ние треба да почнеме да градиме граѓанска држава во која власта е под контрола на граѓаните.
„ДУИ е продолжение на најкорумпираните, најнедемократските, најнасилните, најзаостанатите, најнеправните активности со кои се соочивме во текот на 11 годишното владеење на двоецот ДУИ-ВМРО.
Или ќе најдете начин да ги спастрите или ќе станете потполно еднаков двоец само со име ДУИ-СДСМ.
Уште еднаш повторувам: Охридскиот договор треба да стане дел од историјата, а ние треба да почнеме да градиме граѓанска држава во која власта е под контрола на граѓаните и работи во корист на граѓаните, а не ги искористува граѓаните и не ги дели граѓаните со цел зацврстување на партиско-мафијашките структури.
Ве молам, ослободете ја администрацијата од партиите и од етничките пранги.
Мерит систем со предност за кандидатот од одреденаетничка заедница кога кандидатите се на приближно ниво или приближно на еднаков начин ги исполнуваат условите не е исто со распределба на функционерски и директоски места по процент.
Дајте бре запрете да не враќате се поназад и поназад.
Впрочем мислам дека ДУИ не смее да биде на власт исто како што не смее во моментов да биде на власт ВМРО-ДПМНЕ.
Не сме го срушиле режимот доколку една половина од тој режим ми седи во власта, а другата ги има пипците во сите структури.
И дајте бре Албанци не се палете на секој будала кој ќе одбие да ве игра. Па во секое општетсво има будали, а вие наседнувате како кленови на најмала провокација и веднаш тоа повредената гордост, па знамињата, па историјата па кубурите.
Дај бре заедно да влеземе во 21 век, макар и 20 години подоцна од останатите“, напиша Најчевска на својот профил.