Се „родија“ од Ослободителната народна армија, која во 2001 година го почна воениот конфликт во Македонија, кој заврши со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Командант Абаз (Али Ахмети) е сѐ уште неприкосновен лидер на партијата, кому досега никој не се обидел ниту да му конкурира.
Оваа партија, која во 2002 година освои над 50 отсто од гласовите на етничките Албанци во Македонија, успешно опстојува на власт веќе 19 години и на секои избори слави победа.
–ДУИ се бели мечки во македонското општество. Кој не сака да биде казнет, било што да направил, само треба да биде член на ДУИ, вели генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари за „Фокус“.
Според поранешниот министер за финансии и остар критичар на ДУИ, Џевдет Хајредини, феноменот на неказнивост на ДУИ е благодарение на двете најголеми македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
–ДУИ стана фактор без кој тие не можат да формираат влада. Тие ја користат оваа ситуација да ја уценуваат СДСМ и Заев (актуелниот премиер во оставка), вели Хајредини.
Целиот текст може да го читате во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ