Поранешниот грузиски премиер Бидзина Иванишвили ветил дека ќе и даде на фудбалската репрезентација 10 милиони евра откако ја победија Португалија на Европското првенство.
Грузија вчера во Гелзенкирхен ја победи Португалија со 2:0 и се пласираше во осминафиналето на Европското првенство во Германија.
Иванишвили е познат како најбогатиот Грузиец, тој ја основа политичката партија „Грузиски сон“, која победи на изборите во 2012 година, по што тој стана премиер. Иако на функцијата е само една година, тој се уште е влијателен во владејачката партија во земјата како нејзин почесен претседател.
Тој рече дека победата против Португалија е „историска“ и „сон“, објави „Би-Би-Си“.
Грузија во недела од 21 часот во Келн во осминафиналето ќе игра против Шпанија, а Иванишвили изјави дека на играчите ќе им даде уште 10 милиони евра доколку победат на тој натпревар.
Иванишвили е роден во Грузија, а своето богатство го стекна во Русија во 1990-тите со инвестирање во банкарство, компјутери и метали.
Форбс го проценува неговото богатство на повеќе од 4,5 милијарди евра.