Најбогатиот човек на светот Илон Маск му честиташе на Ѓоковиќ

by Fokus

Најбогатиот човек на планетата, бизнисмен Илон Маск  му оддаде почит на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој во неделата ја испиша историјата на тенисот. Тој ја освои рекордната 23. Грен слем титула, негова трета на Ролан Гарос.

Сопственикот на Твитер, чие богатство се проценува на 226,4 милијарди долари, го гледаше финалето на Ролан Гарос и му честиташе на српскиот тенисер.

Новак на својот Твитер профил објави фотографија со пехарот и во описот го стави бројот 23 кој го претставува бројот на освоени Грен слем трофеи.

Неговата објава не остана незабележана ниту од сопственикот на оваа социјална мрежа.

„Честитки“, напиша Маск под фотографијата на Ѓоковиќ со пехарот.

Со триумфот на Ролан Гарос, Новак стигна до својот 23. Грен слем трофеј, со што стана апсолутен рекордер, стана првиот тенисер кој некогаш ја освоил титулата најмалку три пати на секој Грен слем, а исто така се врати на врвот на АТП листата.

Поврзани новости