Во охридскиот регион во изминатиот период инвестиравме над два милиона евра за изградба на спортски објекти, а во наредниот период ќе има многу поголеми инвестиции, изјави премиерот Никола Груевски денеска во Охрид, каде присуствуваше на означување на почеток на изградба на затворен базен.
– Покрај изградбата на базенот, го изградивме и опремивме фудбалското игралиште со вештачка трева, а во наредниот период предвидено е да се градат и три тениски терени и три повеќенаменски спортски игралишта – истакна Груевски.
Во однос на ова реагираа од опозицискиот СДСМ, од каде соопштија дека големите најави на Груевски и неговите соработници за крупни инвестиции во овој град се сведуваат само на камен-темелник за базен и фекалната канализација.
„Груевски ги излажа граѓаните за милјардите коишто ги ветуваше како странски инвестиции. Груевски ветуваше многу странски инвестции коишто никогаш не се реализираа. Само фрлените лопати и пресечените црвени ленти останаа како најуспешни на проекти на Груевски“, стои во соопштението на социјалдемократите.