Најавените 16 мобилни болници доцнат, Филипче ја обвини поранешната заменик министерка од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното интервју за 360 степени рече дека се доцни со изградбата на 16 мобилни болници за заболени од корона вирус и за тоа ја обвини поранешната заменик министерка за здравство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-За жал тогашната министерка од ВМРО ДПМНЕ не го потпиша заемот со кои требаше да направиме 16 мобилни болници. Сега доцниме. Ако тогаш беше потпишан заемот верувам дека сега веќе ќе имаме неколку подготвени болници. Еве сега законот за заемот е во Собрание. Јас се надевам дека до крајот на годината ќе направиме неколку од тие болници, рече Филипче.

Поврзани новости