Најавени концертите, скопјани предновогодишно ќе се загреваат со турбо фолк!

by Fokus

Голем број на регионални музичари ги најавија своите предновогодишни настапи пред публиката во Скопје. По Аца Лукас, кој ќе им пее на скопјани на 29-ти декември во Арена Борис Трајковски, претпразничен концерт или голема балканска журка, како што појаснува организаторот, ќе имаат и Реља Поповиќ, Пајак, Сенидах и Клинац.

Тие ќе настапат на 24-ти декември во А1 Арена, а најавени се дополнителни гости кои ќе бидат изненадување за публиката. Влезниците за концертите на Реља и Лукас се продаваат по цена од 600 денари. Покрај нив, на 25-ти декември во хотел Александар Палас во Скопје, празничен концерт ќе одржи и Саша Матиќ, а влезниците се продаваат по 1.000 денари.

И за новогодишниот дочек веќе неколку српски музичари го потврдија настапот во Скопје. Теа Таировиќ и Адил ќе пеат во угостителски локали, а влезниците се продаваат по цена од 3.000 денари. -По сите случувања со пандемијата, конечно дојде време да се вратиме во реалноста.

За новогодишните празници секој сака забава, а ние токму тоа го нудиме- велат од Балкан Медиа Продукција, кои се организатори на концертите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости