Организаторите ја најавија Штипската пастрмајлијада, традиционална манифестација која се одржува во Штип и која го промовира кулинарскиот специјалитет, пастрмајлија.
Настанот ќе одржи на 20-ти и 21-ви септември, и првата вечер ќе настапат музичките гости Лексингтон бенд, Антониа Гиговска и Дани. Втората вечер пак, концерт ќе одржи Петар Грашо, а ќе настапат и Жаре Бербер, Јордан Митев и Дупер.
– Петар Грашо ќе биде главната музичка ѕвезда на настанот. Верувам дека сите ќе прифатите дека Петар Грашо е урбан фраер, и верувам дека му одговара на градот Штип.
Ќе настапи и Јордан Митев, значи доаѓа еден пејач кој е омилен кај повозрасната публика, така да јас сум бил скептик, но кога видов каква армија на фанови има, не само во Македонија, туку и во Австралија и во Америка, публиката го обожава.
Жаре Бербер знае да направи одлична атмосфера, луѓето ќе уживаат, Антонија Гиговска е еден од нашите најдобри женски вокали, истакна водителот на настанот, Миро Кацаров на прес конференцијата по повод манифестацијата.
Организаторот Александар Арсовски кажа дека за првпат годинава ќе има и дневна програма, и веќе се било подготвено за пастрмајлијадата.
Пастрмајлии ќе се нуделе на околу 30 штандови.
Манифестацијата ќе изнесувала околу 100.000 евра, и тоа од општинскиот буџет за настанот биле одвоени 41 илјада евра, а останатите биле обезбедени од спонзори.