Денеска во 13:30 часот во Скопје ќе се оддржи протестен марш поради смртта на Реџаил Ќерими, осуден на доживотна затворска казна за случајот „Алфа“.
На протестот, според најавите, ќе биде побарана меѓународна истрага во канцелариите на ЕУ за сомнителната смрт на Ќерими.
Истиот ќе започне од плоштадот „Скендербег“, а планирано е да заврши пред Канцеларијата на Европската Унија во Скопје.
Протестниот марш го најави Јетула Ќерими, брат на Реџаил Ќерими, на социјалните мрежи каде напиша:
„Ве известуваме дека на 4 февруари во 13.30 часот ќе се собереме на плоштадот „Скендербег“ каде ќе го започнеме маршот во чест на Реџаил Ќерими и од Канцеларијата на ЕУ ќе побараме меѓународна истрага за сомнителната смрт, но и истрага за сите други политички монтирани случаи”.
Пресудата за овој случај беше донесена во април 2010 година. A настанот се случи на 26-ти ноември 2018 година на паркингот на ПМФ при што беше убиен еден полицаец, а двајца беа повредени.