Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“, која започна бојкот на продавниците, ги повика граѓаните од четврток седум дена да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски ланци.
Се повикуваат граѓаните да не купуваат во три меѓународни трговски синџири – Лидл, Еуроспин и ДМ и да не купуваат газирани пијалоци, вода и детергенти во ниту една продавница.
Советникот на платформата, Јосип Келемен, на вчерашната прес-конференција ги повика потрошувачите „во петок да се воздржат од какви било купувања“, што вклучува продавници, трансакции со банки, телеком и нарачки преку платформи за испорака. Според Јутарњи лист, бојкотот треба да опфати воздржување од прекумерна потрошувачка во кафулињата, рестораните, додека патувате, бензинските пумпи и аптеките.
– Мора да испратиме порака до оние кои го предизвикуваат ова поскапување. Сакаме да испратиме пораки и до банките. Не одете во банки, избегнувајте доставувачи, и тие се дел од поскапувањето – порача Келемен.
Тој ги повика и странските работници и пензионери да се приклучат на бојкотот.