Пред крајот на 2024 година, покрај бројните концерти во земјава на турбо- фолк регионални музички ѕвезди, најавен е интересен концерт кој ќе се одржи на 14-ти декември во СЦ Јане Сандански во Скопје, со почеток од 20 часот.
Станува збор за турбо-рок фестивал, на кој ќе настапат големи музички имиња, и тоа Неле Карајлиќ, ,,Ван Гог” и ,,Ју Група”.
-Една вечер и три имиња кои се избрани да бидат компатибилни и комплементарни во секој поглед, кои сепак ќе свират по 90 минутни, целовечерни концерти, велат од Авалон продукција, кои се организатори на концертот.
Неле ќе изведе песни од ,,Забрањено пушење” и ,,Топ листа надреалиста” со својот бенд, како и нов материјал, ,,Ван Гог” ќе настапи со хитовите кои им ја одбележаа четири-децениската кариера, а пак ,,Ју Група”, како што информираат од Авалон, по 50 години конечно ќе има свој концерт во Скопје.
Влезниците за настанот се по цена од 700 и 1.000 денари, а ќе бидат пуштени во продажба од утре, шести ноември.
Вики Клинчарова