Награди од по 10.000 денари за три месеци за вработените во одбрана и АРМ, бараат од синдикатот

by Fokus

Парична награда од по 10 илјади денари за март, април и мај годинава за придонесот и дополнителниот ангажман на вработените во Министерството за одбрана и на припадниците на Армијата за надминување на состојбата со Kовид 19, побара на денешната прес-конфренција Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ).

Претседателот на Синдикатот Ристо Ајтов информира дека голем број армиски припадници се заболени од коронавирус, а поголем број се и во самоизолација. За ваквата сосотјба, подвлече, е се одговорни МО и Армијата, пренесува МИА.

Тој потсети дека припадниците на Армијата беа ангажирани  при заштита на жариштата во општините низ државата, патролирање и одржување ред во населените места, обезбедување на претседателот, Владата и Собранието, контрола на почитување на заштитните мерки донесени од Владата, контрола и надзор на државната граница, заштита на хотелите во кои претстојуваат лицата во државен карантин…

Поврзани новости