Со предавањето на клучот од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на карневалистите, вечерва во 18:30 часот, почнуваат осумдневните карневалски празнувања во Струмица.
Во сабота се одржува Интернационалната карневалска вечер, на која ќе учествуваат околу 1.000 учесници, односно 47 карневалски групи.
На страницата на карневалот се објавени имињата на групите и маските, а исто така е објавена и листата со наградите. Наградниот фонд изнесува 8.350 евра, а наградите се поделени во осум категории.
Ќе се доделат награди за групна маска над 50 лица, групна маска од 30 до 50 лица, групна маска од 20 до 30 лица, групна маска од 10 до 20 лица, групна маска од 5 до 10 лица, поединечна маска од 1 до 5 лица, награда за алегориско возило, како и награда за најдобра дебитантска маска со минимум 15 лица.
Сместувачките капацитети во Струмица се веќе се исполнети, па дел од гостите направиле резервации и во хотели во Дојран.
Помеѓу учесниците годинава има 20 групи од други земји, и тоа од Хрватска, Србија, Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина и други.
Вики Клинчарова