Награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за сите вработени во МВР, најавува техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Тој на својот Фејсбук профил објави дека денеска ја потпишал уредбата за награда и ќе ја достави и до Владата.
-Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со корона вирусот. Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба. Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи, објави Чулев.