На лондонскиот пазар цената на барел нафта вчера попладнето порасна за 7,47 долари во однос на претходното затворање, достигнувајќи го нивото од 105,49 долари.
На американскиот пазар барелот денеска поскапе за 6,85 долари и достигна износ од 101,89 долари. Пазарите вчера попладне го заладија растот на акциите во САД за 4,3 милиони барели, а знаците за напредок во разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот засега не се поволни.
IEA процени дека руската нафта може да биде намалена за три милиони барели дневно во април поради санкциите наметнати врз руските компании и банки.
Ова значи дека понудата би се намалила три пати повеќе од побарувачката, предупреди IEA во извештајот објавен пред два дена.
-Во моментов, и понудата и побарувачката се погодени, но понудата е посилно погодена, соопшти банката SEB, прогнозирајќи дека во наредниот период од два месеца понудата би била многу мала што по автоматизам предизвикува пораст на цените на црното злато.
Расположението беше донекаде поттикнато со најавата од Кина за стимулација на финансиските пазари и економскиот раст но и од падот на бројот на новозаразени со COVID-19, бидејќи трговците планираат дека епидемиолошките мерки наскоро може да бидат укинати а фабриките ќе го рестартираат производството.
ОПЕК утринава објави дека барел нафта на нејзините членки во средата чинел 104,06 долари, што значи поскапување за 1,20 долари во однос на претходниот трговски ден односно во однос на вторникот.