598
Поради силниот ветер брзо се шират и се вон контрола двата големи пожари што претпладнево избувнаа на две локации во западниот и југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од жителите на седум населби беше побарано превентивно да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина.
Особена загриженост предизвикува пожарот во југоисточниот дел на Атика, каде што неофицијално предизвикана е штета на домови, а интервенираат 91 пожарникар со три пешадиски тима, 34 возила, шест авиони и шест хеликоптери, помагаат и цистерни од општината, додека пак акцијата ја координира началникот на противпожарната служба Стефанос Колокурис.