717
Директорот на тетовската болница, Флорин Бесими понуди оставка, но неговото име останува впишано во документот од Светска банка и министерството за труд и социјала со кои минатиот октомври се вршела изградбата, а требало да се контролираат квалитетот и функционалната на модуларните болници.
Според документот кој го обелодени Дојче Веле на македонски за тетовскиот ковид-центар надлежни биле општината и директорот на болницата. Бесими фигурира како изведувач, во локалниот надзор, како и во делот на локалниот инспекциски надзор.