Жал ми е за Ѓоковиќ, но ако сакаше можеше да игра во Австралија, изјави шпанскиот тенисер, Рафаел Надал за ситуацијата со српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ кому му е забранет влез во Австралија.
-Мислам дека, ако сакаше, без проблем ќе играше овде во Австралија. Тој сам донесува одлука и секој е слободен да носи свои одлуки, но постојат и некои последици. Секако дека не ми се допаѓа ситуацијата којашто се случува. На некој начин ми е жал. Но, во исто време, тој ги знаеше условите уште пред многу месеци, па сам носи одлука, изјавил Надал по победата на подготвителниот турнир во Мелбурн.
Тој додаде дека светот минува низ исклучителен период во којшто многу семејства страдаа последните две години поради пандемијата со корона вирус.
-Нормално дека луѓето тука во Австралија се многу фрустрирани поради овој случај бидејќи помиаа низ многу тешки блокади, а многу луѓе не можеа да се вратат дома, рекол Надал.
Ѓоковиќ се наоѓа во хотелски карантин во Мелбурн каде ќе ја чека одлуката на австралискиот суд кој во понеделник ќе одлучи дали ќе биде депортиран назад во Србија.