896
Шпанецот Рафаел Надал го победи Новак Ѓоковиќ со 3-0, по сетови 6:0, 6:2 и 7:5 во финалето на Грен слемот Ролан Гарос. За Надал ова е 13 трофеј во Париз од неговото неговото во 2005 година, соборувајќи го сопствениот рекорд.
Триесет и четиригодишниот Шпанец ја освои 20. Грен слем титула, израмнувајќи го рекордот на Роџер Федерер.
Финалето траеше два часа и 43 минути.
Покрај тоа, Надал ја намали разликата во меѓусебните средби со српскиот тенисер на 27:29 (18:7 на земја, 7:1 на Ролан Гарос).
Наградниот фонд на Грен слемот во Париз изнесуваше 38 милиони евра.