Над триесетина поети на овогодишните Струшки вечери на поезијата

by fokus

Со традиционалното садење дрво во паркот на поезијата во чест на лауреатот американскиот поет со српско потекло Чарлс Симиќ и читање на Константиновата „Т`га за југ“ пред Домот на поезијата денеска почнува 56-тото издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.

По засадувањето дрво во „Паркот на поезијата“ на првото поетско читање на овогодишниот фестивал ќе настапат дел од учесниците меѓу кои и годимашниот лауреат, Чарлс Симиќ. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде во 20.30 часот на платото пред Центатот за култура „Браќа Миладиновци“. Традиционално вечерта следува меѓународно поетско читање „Поетски меридијани“ на кое ќе настапат триесетина поети од странство и од земјата.

Во текот на шесте фестивалски дена во програмата се предвидени речиси педесет настани, поетски читања, портрети, претставувања на издавачките проекти, сипозиуми, дебати, музички и други случувања. На 56-тите Струшки вечери на поезијата ќе учествуваат 30-тина поети од земјава и странство, некои од најзначајните поетски творци во светски рамки, какп Дуо Дуо, Ен Мајклс, Ришард Криницки, Јанис Рокпелнис, Хабиб Тенгур и други атрактивни имиња од светот од помладата генерација.

 

Поврзани новости