Илјадници луѓе се евакуирани и прогласена е вонредна состојба додека пожарникарите се борат со повеќе од 100 пожари кои му се закануваат на населението во западна Канада.
Претставници на Алберта објавија дека во тој регион се активни 108 пожари, а околу 29.000 граѓани се евакуирани, пишува „Дејли мејл“.
Премиерката на Алберта, Даниел Смит, рече дека ситуацијата е „без преседан“ и додаде дека топлото и суво време создало услови за проширување на огнот и дека досега изгореле 122.000 хектари.
Заладувањето и послабите дождови делумно ја ублажија состојбата, но надлежните предупредуваат дека тоа е само во некои области.
Во соседната провинција Британска Колумбија, пожарите доведоа и до евакуација на одреден број луѓе, а локалните власти соопштија дека очекуваат силните ветрови во наредните денови дополнително да ја комплицираат нивната ситуација.