776
Во изминатите 24 часа 15.061 граѓанин биле тестирани за новиот корона вирус во Србија, од кои 5.067 биле позитивни, а 38 лица починале, што е досега најмногу смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата.
Хоспитализирани се 6.329 лица, а на респиратори во болниците низ Србија има 216 пациенти.
Од почетокот на пандемијата во Србија регистрирани се 126.187 позитивни случаи, а починале 1.237 лица.