590
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за коронавирус во главниот град Пјонгјанг, каде што за само неколку дена се пријавени повеќе од милион случаи на коронавирус.
Северна Кореја го пријави првиот случај на заразен со коронавирус минатата недела откако тамошните власти две години тврдеа дека инфекцијата не постои во Северна Кореја.
-Лековите што ги набавила државата не стигнале до луѓето – рече Ким на вонредниот состанок на Политбирото, пред да ги посети аптеките во главниот град, пренесе државната новинска агенција КЦНА.
Тој нареди итно распоредување на „моќни воени сили“ со цел „да се стабилизира снабдувањето со лекови во градот Пјонгјанг“.